Трибина: Како да ја подобриме безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот

 

Согласно претходно утврдената програма за одбележување на Неделата за безбедност на мотоциклистите,  денес во просториите на градското собрание на Град Скопје,  се одржа интерактивна трибина на тема: “ Како да ја подобриме безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот” .

На трибината присуствуваа претставници од МВР, РСБСП, Град Скопје, ЗЕЛС,  Агенцијата за млади и спорт,  Претставници од Мотоциклистичката федерација на Македонија, членови на мото клубовите и сите заинтересирани граѓани на Македонија.

Целта на оваа трибина беше  преку развивање на една отворена и интерактивна дискусија  помеѓу повеќе надлежни субјекти од оваа област, мотоциклистите и сите останати заинтересирани граѓани   да се придонесе за подобрување на безбедноста на мотоциклистите во сообраќајот преку  подигање на јавната свест за правилно однесување на мотоциклистите во сообраќајот и подигање на јавната свест кај сите учесници во сообраќајот  за почитување на мотоциклистите како ранлива група на учесници во сообраќајот .

18.06.2014 - 17:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега