Силно невреме во Охрид - за 15 минути улиците „пливаа" во вода

 

Силно невреме со дожд, град и ветер денеска го зафати Охрид. За 15-тина минути улиците и паркинзите беа поплавени со вода.

- До овој момент освен едно или две јавувања за мали проблеми во функционирањето на фекалната каналзиација, други нема, изјави раководителот на Центарот за управување со кризи во Охрид Митко Темелковски, пренесе МИА.

Според него, наврнати се 17 до 18 литри на метар квадратен дожд, а количината не е загрижувачка. Јавните претпријатија се на терен, ги санираат последиците од невремето. 

18.06.2014 - 16:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега