Шуми буден за време на транспортот - под лажно име бил префрлен во Лозана
Германецот Михаел Шумахер се разбоди од кома и рехабилитацијата ја продолжи на клиниката во Лозана, а патот од Гренобл до таму го поднел одлично.
Како што информираат германските медиуми, Шумахер бил буден во текот на транспортот од Гренобл до Лозана, кој бил спроведен во потполна тајност.
Како што пренесува „Билд“, Шумахер со амбулантно возило е префрлен во Лозана, а не со хеликоптер, како што се шпекулираше. Возачите не знаеле кого пренесуваат се додека не стигнале на клиниката во Лозана, а истото се однесува и на персоналот на рехабилитационата клиника, каде Шумахер ќе го продолжи лекувањето.
Возачот на Формула 1 бил префрлен под лажно име, а сите оние кои учествувале во транспортот морале да ги предадат своите мобилни телефони.
Исто така весникот наведува дека Шумахер не зборувал, а комуницирал со климање на главата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа