Струшката полиција ги казнуваше непримерните возачи

 

Неколку возила беа исклучени од сообраќај поради непочитување на сообраќајните правила и прописи во Струга. 

Во последната акциска контрола на струшката полиција, беа евидентирани нерегистрирани и технички неисправни возила, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски. 

- Три возила се исклучени од сообраќај во вчерашната акциска контрола  заради необновена регистрација. Едно возило е исклучено заради техничка неисправност и уште едно заради тоа што лицето кое го управувало не поседувало возачка дозвола, вели Димоски.

Според него, во пресрет на главната туристичка сезона ќе се спроведуваат засилени контроли на струшката сообраќајна полиција заради зголемена безбедност и подигнување на сообраќајната култура кај учесниците.

- Ќе се контролираат пешаците кои најчесто преминуваат коловози на места кои не се дозволени и обележани за премин. Контроли ќе се спроведуваат и кај моторциклистите во однос на носењето на задолжителната кацига. Посебно внимание ќе се посвети и на возачите кои престигнуваат на недозволени места, додава Димоски. 

Моменталната безбедносна состојба на подрајчето каде што делува СВР Охрид, според Димоски е стабилна, а превентивните мерки ќе бидат приоритет и во делувањето на струшките полициски службеници.

18.06.2014 - 15:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега