Црковниот парадокс во Австралија: Ако сами не се признаваме, како другите да не признаваат

 

„При македонски свештеници, принуден сум да ме заменува свештеник од друга црква, во случајот од Украинската православна црква во Австралија. Ако самите себе не се признаваме, како очекуваме да не признаат другите цркви“. 

Со овие зборови отец Станко, свештеник од Перт, Австралија и од епархијата со која раководи Владиката Тимотеј, назначен од Синодот на МПЦ-ОА ја објаснува ситуацијата која се случила пред неколку дена, кога Владиката Петар му забранил на својот свештеник отец Веско да го изврши чинот на погребување на Македонка.

- Првично отец Веско прифати дека ќе ме заменува додека јас престојувам во Македонија. Но, Владиката Петар му забранил да служи во друга епархија. Тогаш побарав помош од свештеникот од Украинската црква-вели отец Станко за Прес24.

Следниот период ќе престојува во Македонија и како што вели нема да биде запознаен во целост со случлувањата во Австралија. Но, се надева дека ќе се смири ситуацијата и дека верниците ќе можат да ги извршуваат верските потреби во црквите.

Отец Веско кој служи во црква под епархијата на Владиката Петар вели дека не е вистина дека одбил да го изврши погребното опело.

- Семејството не побара од нас да го извршиме погребот. Не можеме на две места во исто време да бидеме-кусо одговори отец Веско.

Македонците во Австралија се револтирани. Велат дека е скандалозно свештеник да одбие да погреба македонски верник, само затоа што ја посетувал црквата на другиот Архиереј од истата црква. Сметаат дека тоа во најмала рака е срамно и во себе нема ништо христијански, како и дека тоа е резултатот од поделбите што ги произведува Владиката Петар веќе две децении во Австралија.

Во Перт, Австралија има две цркви на МПЦ-ОА и и двете се викаат Свети Никола. Едната е под ингеренции на Владиката Петар, а друга под ингеренции на Владиката Тимотеј, кој пред година и половина беше назначен за администратор на македонските црковни општини кои се под јуриздикција на Синодот на МПЦ.

Во двете цркви служат двајца свештеници, под две управи. Едниот под Владиката г. Тимотеј, а другиот под владиката г. Петар.

 

Претседателот на Македонската црковна општина за Западна Австралија Перт, Крис Ангелковски го потврдува настанот кој се случил, потенцирајќи дека ова е грозен и антимакеоднски потег на Владиката г. Петар. 
Според Ангелсковски, за целиот случај била известен и Синодот на МПЦ-ОА.

18.06.2014 - 15:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега