Ремек делото на Пикасо криело нешто друго - еве што
Податокот за деталите сокриени во сликата на Пикасо, на медиумите им бил откриен минатата седмица. За време на минативе 5 години, експертите од музејот "The Phippips Collection, National Gallery of Art", и музејот во Универзитетот Корнел и Винтертур во Делавер, откриле детали од мистериозната слика под површината. Станува збор за непознат маж, насликан во вертикална композиција, пишува MSN news.
"Токму поради ваквите моменти, тоа што го работиме е посебно", рекол еден од експертите. Друга реакција била: "Кој е тој? Сега работиме да одговориме на тоа прашање", рекла Патрициа Фаверо, вработена во музејот "The Phillips Collection".
Дороти Косински, директорка на музејот, вели дека начинот на кој работел Пикасо може да се открие низ високотехнолошката соработка на музеите.
"Нашата публика е гладна за вакви работи. Тоа е како работата на детективите. Ова ја збогатува културата на публиката, можеби додава мистерија, а во исто време им дозволува да бидат дел од составувањето на сложувалката", заклучува Косински.
Долго време се верувало дека нешто се наоѓа под таа слика на Пикасо од 1901-та година. Истата се наоѓа во Вашингтон до 1927-та година.
Инфрацрвените снимки направени во 2008-та година, откриле човек со брада, односно глава потпрена на рака со три прстени. Мажот на себе има јакна и вратоврска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа