Откријте ги тројцата Македонци на Мундијалот во Бразил - еден од нив и поентираше

 

Нашата фудбалска репрезентација може досега се нема пласирано на ниту едно Светско првенство, и најверојатно ова нема да се случи уште подолг период, но затоа редовно на Мундијалите можеме да забележиме играчи кои потекнуваат од Македонија.

Во Бразил ова е случај со тројца фудбалери, од кои двајца веќе настапија, а еден дури и постигна гол, додека третиот го чека своето деби.

Станува збор за фудбалерот Адмир Мехмеди, кој е роден во Гостивар, а на деветгодишна возраст решава да го напушти домот, и да се пресели во Швајцарија, каде почнува да ја гради својата фудбалска кариера. 

Неговиот талент на големо се видел во ФК Цирих, за набргу потоа го облече и дресот на швајцарската репрезентација. Тој во недела го имаше своето деби, откако влезе на местото на Штокер и во првата посериозна акција постигна гол. Македонецот ја затресе мрежата против Еквадор и беше најзаслужен за минималниот триумф од 2:1. 

Блерим Џемаили неговиот соиграч потекнува од село Боговиње, остана на клупата, па очекуваме до крајот на првенството и тој да ги истрча неговите пет минути на теренот. 

Третиот фудбалер кој потекнува од Западна Македонија е Шкодран Мустафи од гостиварското село Неготино. Тој настапува за моќната Германија. Тој дебитираше во подготвителниот период против Полска, а вчера ги имаше првите минути на Светското првенство кога влезе во второто полувреме на местото на Матс Хумелс на дербито против Португалија.

18.06.2014 - 14:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега