Поплавите во БиХ направија штета од 1,5 милијарди евра

 

Како што објавува Дневни аваз, специјален тим од Европската унија, Светска банка, ОН и од Босна и Херцеговина во кој беа 110 луѓе вчера ја заврши проценката на штетите од поплавите во државата. Според нив штетата е над 1,5 милијарди евра.

Извор кој побарал анонимност изјавил за весникот дека таа оценка е значително повисока од првичните прогнози за 1,3 милијарди евра.

Извештајот за штетите ќе биде основа за голема донаторска конференција во Брисел во првата половина на јули. Се очекува на таа донаторска конференција да се обезбедат околу една милијарда евра помош за БиХ.

Главниот дел ќе бидат најверојатно поволни кредити, а дел неповратна помош. Останатите средства БиХ треба сама да ги обезбеди

18.06.2014 - 14:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега