Дактилните патеки ќе им го олеснат животот на слепите лица во Македонија

 

Ќе се започне со постапка за изградба на патеки за слепи лица од седиштето на Сојузот на слепи до централното градско подрачје, односно до плоштадот, а ќе иницираме и законска измена со којашто ќе се создаде и обврска за општините во централните градски подрачја и градските паркови. За ова неодамна информираше министерот за труд и социјала, Диме Спасов. 

Патеките за слепи лица се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ каде стои дека согласно реалната потреба на слепите лица, ќе се изградат гумирани помошни патеки кои значително ќе им го олеснат движењето по фреквентните места во Скопје, а и во другите градови низ Македонија во зависност од тоа каде ќе има простор и потреба. Со овој проект на слепите лица ќе им се овозможи полесно завршување на своите обврски, посоодветен пристап до јавните институции и поголема интеграција во општествениот живот. Ќе се започне и со  постапка за изградба на патеки за слепи лица од седиштето на Сојузот на слепи до централното градско подрачје, односно до плоштадот, а ќе иницираат и законска измена со којашто ќе се создаде и обврска за општините во централните градски подрачја и градските паркови, кога ќе ги реновираат истите или кога ќе прават нови пешачки патеки, истите да имаат и дел којшто ќе биде наменет за слепите лица и многу други проекти коишто се во насока на подобрување на нивниот живот.

-Како надлежно министерство и како Влада и понатаму ќе спроведуваме проекти со кои континуирано ќе се подобрува животот на овие лица, истакна неодамна министерот Спасов.

18.06.2014 - 14:00
Фото: 
нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега