Вељаноски: Оставам простор за натамошен развој на политичкиот дијалог

 

Собранискиот спикер, Трајко Вељановски, денеска ја прекина четвртата собраниска седница на чиј дневен ред беше констатирањето на оставките на пратениците од  опозицијата. Претседателот на Собранието објасни дека со тоа остава простор за натамошен развој на политичкиот дијалог и на разбирањето помеѓу партиите. 

- Македонија  е држава со  цврста определба за натамошен демократски и севкупен општествен развој. Уверен сум дека остварувањето на оваа национална цел  е носечки приоритет на сите пратеници, независно  дали тие денес се во собраниската сала или надвор од неа. Во таа смисла, длабоко свесен за интересите на државата, како претседател на македонскиот законодавен дом одлучив да оставам простор за натамошен  развој на политичкиот дијалог и на разбирањето помеѓу партиите, рече Вељаноски, додавајќи дека Македонија мора да продолжи со  силно темпо да ги реализира целите за натамошен развој на  односите со Европската унија и со НАТО, независно од нашите политички разлики, а тоа најдобро  можеме да го направиме здружени и сплотени.

Седницата на Собранието беше прекината веднаш по констатирањето на записниците од претходните седници.

18.06.2014 - 13:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега