ВИДЕО: Лудост - живее со 100.000 бубашваби
37- годишната Јуан Мејсја од Фуџиан, Кина, ја претворила својата куќа во живеалиште за околу 100.000 бубашваби. Тамошните новинари кои се осудиле да ја посетат објаснуваат дека сите тие бубашваби се нејзини "деца", на кои им пружа дом, топлина, храна и љубов.
- Не станува збор за емотивно осамена жена која сета љубов ја поклонува на куќните "миленичиња" туку станува збор за чување на бубашвабите од финанскиска причина. Традиционалната кинеска медицина смета дека бубашвабите се едни од најлековитите инсекти. Одделни фармацевтски копмании откупуваат килограм бубашваби за околу 94 евра. Покрај нивното чување Јуан Мејсја е еднакво расположена и за убивање на инсектите. Најпрво ги дави во вода, ги суши на сонце а потоа ги пакува и ги препродава на фармацевтски компании оддалечени и до 900 километри, велат новинарите.
18.06.2014 - 13:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа