Стартуваа преговорите за враќање на СДСМ во Собранието

Преговорите за враќање на СДСМ во Собранието веќе се започнати. Информацијата за Нова ја потврди заменик претседателот на партијата Радмила Шеќеринска. Таа рече дека раководството од Бихаќка веќе остварило средба со олеснувачот Петер Ванхоуте делегиран директно од еврокомесарот за проширување, Штефан Филе. 

Шеќеринска за Нова вели дека на Бихаќка остануваат на позициите кои веќе му ги соопштиле на Филе,а тоа е формирање на техничка влада, попис на населението и почитување на медиумските слободи.

18.06.2014 - 13:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа