Хорор за време на фудбалската треска: Убил седум лица додека го гледале натпреварот Бразил-Мексико
Нов хорор го потресе светот. Најмалку седум лица загинаа откако бомбаш-самоубиец активирал бомба во Нигерија, додека повеќе навивачи гледале натпревар од Светското првенство во фудбал. Убиецот пристигнал на местото на настанот неколку минути откако започнал натпреварот Бразил-Мексико.
Според податоците од Дејли меил, најмалку 15 лица за здобиле со сериозни повреди, и биле веднаш биле префрлени на делот за Интензивна нега. Лекарите се сомневаат дека за жал, бројот на повредени ќе расне и понатаму.
Последните денови, откако започна СП во Бразил, терористичката група Боко Харам за цел ги имаат љубителите на фудбалот кои сакаат да уживаат во натпреварите. Најчесто убиваат по баровите каде навивачите гледаат натпревари. Во нападите до сега загинале најмалку 40 лица.
Полицијата во Нигерија вети дека повеќе ќе се погрижи за сигурноста на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа