Дождот го одложи „Види музика, слушни слика, добиј книга“

Мултимедијалниот настан „Види музика, слушни слика, добиј книга“ кој требаше да се одржи утревечер во Градскиот парк е презакажан за 23 јуни на истата локација поради лошите временски услови.

- Принудени сме да почекаме да се подобри временската прогноза за оркестарот да може непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така, сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност, изјави Маја Чанаќевиќ, директор на Филхармонијата.

„Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи седми пат под диригентско водство на Мартин Пантелеев.

 

18.06.2014 - 13:11
Фото: 
идивиди
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега