Претседателот Иванов бара волонтери
Кабинетот на Претседателот на Република Македонија објави оглас со кој се повикуваат сите заинтересирани млади да конкурираат за волонтирање во Народната канцеларија во Скопје.
Со цел приближување на работата на Претседателот на Република Македонија до младите, а воедно и укажување на можност за стекнување на работно искуство со кое би можеле полесно да конкурираат на пазарот на трудот, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија овозможува волонтирање на заинтересираните, во Народната канцеларија во Скопје, се вели во објавениот оглас.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• писмо за интерес;
• кратка биографија;
• доказ за завршено образование.
Документите да се достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 25.06.2014 година, на адреса:
Кабинет на Претседателот на Република Македонија
(Комисија за „Народни канцеларии“)
„Вила Водно“
Ул. Ацо Караманов Бр.33A
1000 Скопје, Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа