Поранешната девојка на Џорџ Клуни доживеа трагедија - еве што се случило
Поранешната девојка на Џорџ Клуни, Елизабета Каналис на социјалните мрежи споделила вест во која објавила дека доживеала спонтан абортус.
- За жал, животот не ни го дава тоа што го очекуваме, а тоа е тешко да се прифати, дури иако мислите дека сте доволно силни и подготвени. Никогаш не сте подготвени на тоа некој да ви каже дека срцето повеќе не чука и дека одамна престанало да работи, напишала актерката и им порачала на сите жени да останат силни.
Каналис требаше да се породи оваа есен со првото дете кое го очекуваше со Брајан Пери.
18.06.2014 - 09:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа