ВИДЕО: Што ќе ни се случи доколку Земјата престане да се врти!
Што ќе се случи со Земјата, доколку сега престане да се врти, и нормално што ќе се случи со нас луѓето. Би го доживеале истото што би се случило доколку возиме со автомобил со брзина од 1.674 километри на час, и притоа наеднаш да кочиме во место.
Би умреле во истиот момент, но работите ќе бидат се' полоши и полоши, објаснето е на видеото на "Vsauce". Нашите тела би полетале кон исток со брзина од 465 милји во секунда, и веднаш ќе се распаднеме во маса од мускули и коски.
Бидејќи ротацијата на Земјата е побавна кај половите, можеби таму би преживеале, но на една или две секунди.
Доколку сме среќни во тој момент да се наоѓаме во авион, ќе живееме уште некоја минута. Ќе не убие страшното невреме кое ќе ја зафати планетата по "кочењето".
Ветерот би дувал со огромна брзина, ќе избие пожар на целата планета, а тоа ќе предизвика ерозија речиси секаде на Земјината кора. Големо цунами дополнително ќе ја уништи планетата, а водата ќе тргне и кон половите.
Доколку нема ротација, на Земјата еден ден би траел колку сегашните 365 дена. Секако, на страната свртена кон Сонцето ќе биде ден, а на другата ноќ.
Од страната на Сонцето се' ќе изгори, а од другата се' ќе замрзне.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа