Путин го рекламира Крим како летна туристичка дестинација
Владимир Путин препорача ова лето руските официјални лица масовно да летуваат на Крим.
Според германскиот магазин “Фокус”, директорот на руското Министерство за туризам,испратил препораки до сите јавни институции и претпријатија, вработените да одат на одмор на Крим.
Руските власти се обидуваат да се спречи колапс на туризмот во поранешниот украинскиполуостров.До неодамна, 8 милиони туристи секоја година летувале на Крим од кои 75отсто биле Украинци. Од спојувањето на Крим во Русија, во март минатата година, туристите од Украина ја избегнуваат оваа дестинација.
17.06.2014 - 20:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа