Јолевски ќе ја сефтоса министерската фотелја - во петок оди во НАТО

Новиот македонски министер за одбрана, Зоран Јолевски, во петок ќе ја има својата прва официјална посета на седиштето на НАТО во Брисел, јавува МИА.

Јолевски, во четврок заедно со целиот состав на Владата треба да биде избран во македонското Собрание. Веќе во петок, Јолевски и министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе присуствуваат на редовниот состанок на Северно-атлантскиот совет со Република Македонија.

Министрите за надворешни работи и за одбрана во рамки на состанокот, ќе ги претстават постигнатите резултати на Македонија во реализацијата на севкупните реформи предвидени со Акцискиот план за членство во НАТО, со посебен акцент на политичко-економските и обранбено-безбедносните постигнувања. Со овој состанок ќе биде затворен Петнаесеттиот циклус на имплементацијата на Акцискиот план за членство на Република Македонија во НАТО за 2013-2014 година.

Во рамки на посетата на седиштето на НАТО, Јолевски и Попоски ќе оствари средба со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Александер Вершбоу, кој е предвидено да го води состанокот на Советот.

Посетата на Јолевски на седиштето на НАТО, како негова прва на министерското место, на кое дојде по седумгодишниот мандат како амбасадор во САД, е јасен сигнал за цврстата определба на македонската Влада и пред се на Министерството за одбрана за членство на Македонија во НАТО.

17.06.2014 - 14:48
Фото: 
Канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега