Голем интерес за самовработување со кредитирање невработени

Во подрачната единица на центарот за вработување во Кичево  се одвиват повеќе активности за вработување на пријавените невработени.

Интересот за огласот со кој се предвидува самовработување на индивидуални лица каде субвенционирањето е во вредност од три илјади евра во денарска противредност, е многу поголем од оној каде субвенции се даваат за фирмите кои ќе вработат најмалку три невработени лица.

До сега формулари за аплицирање во огласот за самовработување подигнале 20 невработени лица.

Според информациите на МИА од центарот за вработување во Кичево, се очекува во огласот „Прва Шанса“ кој предвидува да се вработуват млади со високо образование до 29 години, да се пријават повеќе апликанти. Покрај ова се предвидува и обука на невработени во категоријата од 50-59 години кај познат работодавач.

Моментно во центарот за вработување во Кичево активно бараат работа  3.500 лица. 

17.06.2014 - 14:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега