Дурекс организира турнир во одбојка - еве каде да се пријавите

Светскиот бренд Дурекс ве поканува да се пријавите на првиот турнир во одбојка кој го организира на Градската плажа во Скопје, за викендот на 5 и 6 јули.

Доколку имате натпреварувачки дух, сакате да запознаете нови луѓе и да се забавувате, Дурекс овозможува за сите млади ентузијасти да ги измерат силите во одбојка на песок.

“Ова е прв спортски турнир организиран од Дурекс во Македонија. Се надеваме дека одбојкарскиот турнир ќе прерасне во традиција. Со турнирот сакаме преку спорт и забава да ја поттикнеме свесноста кај младите луѓе за заштитата од сексуално преносливи инфекции и ХИВ/СИДА. Очекуваме да се пријават голем број на млади, кои ќе се натпреваруваат на Градската плажа во Скопје и можат да освојат дел од вредните награди” – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд, Генерален дистрибутер на Дурекс во Македонија.

За да учествувате на турнирот потребно е да ги исполнувате следните критериуми, да имате повеќе од 16 години, да имате желба да се натпреварувате во одбојка на плажа и имате уште 3 пријатели со иста желба за да оформите тим. Вашите податоци, име, презиме и контакт телефон испратете ги на Фејсбук страницата на Дурекс Македонија, https://www.facebook.com/DurexMakedonija најдоцна до 25 јуни.

Секој од пријавените тимови ќе добие име на некој од продуктите на Дурекс, како и брендирани маици. За најдобрите, следуваат награди: таблети, фотоапарати, MP3 плеери, Дурекс производи и останати изненадувања.

 

 

 

 

17.06.2014 - 11:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега