PayPal конечно во Македонија

Онлајн платежниот метод PayPal, оваа недела ќе стане достапен уште во десет нови земји. Во најновото проширување се вклучени Македонија, Нигерија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Монако, Камерун, Зимбабве, Парагвај и Брегот на Слоновата Коска.

Откако ќе бидат вклучени во системот, потрошувачите во овие десет земји со пристап на интернет и банкарска картичка приспособена за интернет трансакции, ќе можат да отворат корисничка сметка на PayPal и да купуваат на неколку милиони интернет страници во светот.

Според Reuters, PayPal во моментов има 148 милиони корисници во светот.

Од 2007-та година PayPal функционираше во 190 пазари во светот. Минатата година, на системот се приклучија и Србија, Грузија и Египет, а по најновото проширување, PayPal ќе биде достапен во вкупно 203 земји во светот.

17.06.2014 - 10:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега