Гола месечина во скопски Аеродром

На отворена сцена поставена на фудбалското игралиште кај паркот на езерата во Општина Аеродром од 21. јуни до 30. јуни ќе се одржи првиот Меѓународен фестивал на комедијата насловен како „Гола месечина“.

Фестивалот во сабота ќе се отвори со претставата „Хамлет во пикантен сос“, а завршува со премиерната претстава „Многу врева за ништо“.

За време на фестивалот публиката ќе може да ужива во осум претстави и тоа шест претстави од скопските театри Драмски, МНТ и Театар Комедија, како и од театрите од Битола и од Струмица, како и 2 претстави од странство, односно од Босна и Херцеговина и Србија.

Сите претстави почнуваат во 21:00 часот, а влезот за граѓаните ќе биде бесплатен.

Меѓународниот фестивал „Гола Месечина“ ќе има натпреварувачки карактер, со тричлена жири комисија. Ќе се доделуваат четири парични награди и тоа награда за најдобра режија, за најдобра машка и за најдобра женска улога, како и гран при за најдобра претстава. 

Ова е резултат на успешно спроведениот проект културно лето „Аеродром се смее“ од минатата година што наиде на одличен одѕив кај публиката кога за претставите се бараше столче повеќе.

 

 

17.06.2014 - 09:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега