Од утрово Украина остана без рускиот гас

 

Од утрово Украина е без гас. Русија ја прекина испораката бидејќи истече крајниот рок за подмирување на долгот. Двете страни спорот се обидоа да го решат до доцните часови ноќеска на состанокот кој завршил без резултат. Не бил договорен ниту термин за нова средба. Претставниците на Киев и Москва до прекинот на испораката преговараа со посредство на Европската Унија.

Нафтгас одбива да го плати долгот и покрај тоа што Газпром понудил пониска цена за новите испораки на гас, бидејќи според раководството, тогашната премиерка Тимошенско во соработка со Москва потпишала штетен договор.

Сега украинскиот гигант пред арбитражниот суд во Стокхолм бара обесштетување од шест милијарди долари од Газпром заради превисоката цена на гасот. Но пред истиот суд тужба покрена и руската компанија поради украинскиот долг што изнесува вкупно 4 и пол милијарди долари.

Спорот нема да се рефлектира врз европските компании бидејќи договорите од страна на испорачателот ќе бидат испочитувани само доколку транзитот без уценувања и крадење го реализира Украина.

Украинскиот Нафтогас ќе добива гас што однапред ќе го плаќа. Во моментов нема таква уплата, ниту за старите долгови, ниту за сметките за јуни. Има само нули така што Нафтагас од денес ќе добива гас што однапред ќе го плаќа на гаспром. Испораката на гас за европските корисници продолжува согласно договорите, а украински Нафтогас треба да ги почитува договорите за транзит и има обврска да обезбеди испорака без прекин, изјавил портпарол на Гаспром, Сергеј Кипријанов.

Спорот доби политичка димензија. Премиерот Јацењук изјави дека Украина нема намера да го плати долгот и да го финансира Гаспром и руската влада која ги троши парите за набавка на оружје, тенкови и авиони со кои воено ја напаѓа Украина.
Зголемувањето на тензиите меѓу Русија и Украина претставуваат закана и за изградбата на гасоводот Јужен тек. Србија како една од земјите низ кои треба да минува овој гасовод се надеваат дека тоа нема да се случи и очекуваат неговата изградба да заврши во декември 2015 година.

16.06.2014 - 20:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега