ОН привремено повлече дел од мисијата од Ирак
Обединетите нации 58 свои претставници ги префрли од Багдад во главниот град на Јордан, Аман.
- Следните денови може да бидат повлечени уште луѓе од Багдад, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак откако сунитските бунтовници го зазедоа северниот дел на Ирак.
Тој посочи дека повлечените претставници на ОН од Багдад ќе бидат распоредени во ирачкиот град Ербил.
Во Багдад и околината има околу 200 претставници на ОН.
16.06.2014 - 20:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа