ФОТО: Желката „Момарио„ ја предвиде победата на Германија

 

Желката „Момарио“ го предвиде триумфот на Германија во дербито на денот против Португалија на Светското првенство во Бразил.

„Момарио“ го избра садот со салата поставен до германското знаме.

Сликата е направена денеска на плажата наречена „Бразил“ во близина на Шенберг кој се наоѓа на северот од Германија.

Дали „Момари“ навистина на Германците им донесе среќа и победа во дуелот со Португалија покажа високата победа на „Панцирите“ од 4:0 на арената „Фонта Нове“ во градот Салвадор. Хет-трик на овој меч постигна Милер, а Португалците добар дел од натпреваерот го одиграа со играч помалку откако во првиот дел црвен картон доби дефанзивецот Пепе.

16.06.2014 - 19:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега