ВИДЕО: Тој и ја убил ќерката, а таа тоа што му го направи во судницата го расплака цел свет!
Во 20 години колку што надгледував разни реакции и ситуации во судницата, никогаш во животот досега ме сум видела да мајката на жртвуте го прегрне убиецот на нејзиното дете“, изјавила судијката Елен Су Вензер.
Шеснаесетгодишниот Џордин Хоу од Мајами во ноември 2012 година, ја усмрти Лурдес Гузман де Хесус (13). Мајката на настраданото девојче, Ади де Хесус, се сретна со убиецот на своето девојче, во моментите кога беше донесена пресудата во судницата, и го прегрна исплашеното момче.
Убиството настанало при несреќен случај, откако момчето скришум го изнел пиштолот на својот татко, со кој се фалел пред другарите во школскиот автобус. Случајно пиштолот испалил, и ја погодил малата Лурдес во грбот, по што таа починала во болницата.
Момчето се изјаснило за виновно по обвиненијата за поседување и нелегално носење на огнено оружје. Иако на почетокот барала строга казна, мајката на жртвата се согласила на спогодбата со која момчето ќе избегне затвор, и ќе отслужи казна во центарот за рехабилитација за малолетници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа