Најпознатиот вампир на светот стана бездомник
Најпознатиот вампир на светот, Роберт Патинсон при гостување во шоуто на Џими Кимел, призна дека повторно има проблем со станбеното прашање.
Имено, во 2012 година, кога беше откриена аферата на неговата тогашна девојка Кристен Стјуард сo оженетиот режисер Руперт Сандерс, Патинсон се исели од нивната вила во Лос Фелиз и како „бездомник“ приврмено се смести кај колешката Риз Витерспун.
Но, две години подоцна се чини дека ѕвездата на „Самракот“ повторно има проблеми со станбеното прашање.
- Најдов мал дом во Лос Анџелес, но ми го одземаа родителите, така што сега сум бездомник, низ насмевка раскажа Патинсон. - Ме исфрлија кога се вратив од сетот од Торонто, дополни тој.
Кога е во прашање љубовта Роберт призна дека и натаму се слуша со поранешната девојка Кристен, но мудро молчеше на прашањето околу озборувањата дака го освоила актерката Имоген Кер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа