Млади двојки создаваат нова населба во Илинден

Нова населба никнува во периферијата, која ја создаваат млади двојки, кои наместо помал стан во центарот, избрале да изградат куќа во приградските населени места. Општина Илинден во селото Марино пред две години продаде 24 плаца, од кои на 11 во моментов се градат новите домови, а три се веќе вселени. Како што пишува Дневник, идните жители на Марино велат дека сакаат мир и спокој.

Темелите на својата куќа пред три дена ги постави 33-годишниот Ристе Атанасов, кој е од Радовиш: - Се решив да изградам овде бидејќи условите што ги даваат Владата и општина Илинден се многу поволни. За истата површина на куќа што ќе ја изградам овде, во Скопје би добил помал стан. Kомуналиите за градба се ниски, вели Атанасов и додава дека во Скопје е пет години и живее под кирија. 

Со договорот што го склучиле со општината Илинден се обврзани градбата да ја започнат во рок од две години од добивањето на одобрението за градба и да ја довршат во наредните четири години.

- Спроведена е струја, сите плацови имаат приклучок за вода. Тие ќе бидат приклучени и на фекалната канализација, а во близина е и пречистителната станица. На крајот ќе се направи и патната инфраструктура, изјави за Дневник Стојановски, кој се радува што плацовите ги купиле, пред се, млади семејства од цела Македонија, како што вели, од Радовиш, Kуманово, Kрива Паланка, Тетово, Јагуновце и од Пробиштип.

Уште една поволност што ја нуди општината Илинден за оние што купиле плацови за градба е и што им нудат бесплатни архитектонски проекти за куќите.

- Имаме четири видови проекти што ги избравме на оглас. Секој може да си избере еден од нив и со тоа ќе заштеди до 1.500 евра. Потоа, врз основа проектот, бесплатно ќе го добие и одобрението за градба, по пат на електронска пошта. Тоа значи дека граѓанинот не мора за ништо да се мачи. Само на крајот ќе треба да плати две евра за квадратен метар за комуналии, вели Стојановски за Дневник.

16.06.2014 - 16:24
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега