Уште една успешна полусезона за Театарот за деца и младинци

Театарoт за деца и младинци ќе ја заврши полусезоната во 2014 со одиграна 101 претстава. Годинава првата претстава била одиграна на 9 јануари, а последните две ќе бидат претпремиерата и премиерата на новата детска, куклена претстава „Могли“. Овие две претстави ќе бидат во рамки на „Скопско лето“, на 14 и 15 јули.

- Зад нас е уште една успешна полусезона. Со истото темпо ќе продолжиме и од септември, со што до крајот на годината ќе го исполниме нашиот план да одиграме околу 200 претстави, информира Театарот за деца и младинци од Скопје.

Заклучно со 15 јуни, одиграни се 99 претстави со посета од 9.468 гледачи. 

16.06.2014 - 13:34
Фото: 
евести
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега