Радост за дечиња од семејства во социјален ризик - ќе одат бесплатно на одмор

Трета година по ред деца од семејства со социјален ризик ќе одат на бесплатен летен одмор. За ова денеска информираше министерот за труд и социјала, Диме Спасов.

- Поаѓајќи од универзалното право дека секое дете има право на социјална сигурност, рекреација и животен стандард е мотивот поради кој и оваа година ќе се реализира Проектот за бесплатен одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, рече на денешната прес-конференција Спасов и појасни дека бесплатниот летен одмор ќе го користат и децата без родители и родителска грижа родени во период од 1999 до 2003 година односно деца - редовни ученици во петто, шесто, седмо и осмо одделение во учебната 2013/2014 година.

Одморот ќе се користи во текот на летниот распуст во смени од по седум дена почнувајќи од 1 јули во сместувачките центи на Охридското Езеро.

На огласот може да се пријават сите родители кои користат социјална парична помош, постојана парична помош и посебен додаток. Барањето треба да го поднесат до надлежниот Центар за социјална работа, според местото на живеење, до 27 јуни, а почнува од утре.

16.06.2014 - 12:18
Фото: 
сител
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега