Почина познатата македонска балерина

Ве известуваме дека во 78 -  година од животот почина Елпида Паковска, балерина од Првата генерација на Македондскиот балет. Таа е дел од онаа славна ентузијастичка генерација на балетски уметници, која ги постави темелите на танцовата уметност во Македонија. Елпида Паковска зазема почесно место во Македонскиот балет. Таа, целиот свој живот го посветува на балетската уметност.

Ќе биде запаметена и како човек и како голем уметник, по нејзиниот „Црн Лебед“ на Чајковски, по „Заспаната убавица“, „Жизел“, Јулија, во „Ромео и Јулија“, Шпањолка во „Болеро“, по трите улоги: Билјана, Бисерка и Бугарка во „Охридска легенда“ , Половецка девојка во „Половецки логор“, „Рајмонда“, но и како репетитор во белетските претстави: „Жизел“, „Легенда за љубовта“ и „Мирандолина“.

Погребот на Елпида Паковска е утре во 11:30 часот, телото ќе биде изложено во капелата на градските гробишта Бутел, од 10:30 до 11:30 часот.

 

Во среда, 18, јуни, 2014, во Фоајето на Македонската опера и Балет, ќе се одржи комеморација по повод смртта на Елпида Паковска.

16.06.2014 - 12:11
Фото: 
Вест
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега