Притвор за тетовскиот полицаец кој си го уби колегата

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 35 годишниот полицаец Г.С. кој во петокот го застрела својот колега, тетовчанецот Ж.Ј.

Според инфомациите од МВР, тетовчанецот Г.С. ќе одговара за „предизвикување општа опасост“ и „тешки дела против општата сигурност“, откако утрото во петокот, во дежурната просторија од станицата, пукал кон полицискиот службеник Ж.Ј.(51) од Тетово, додека вршел проверка на својата пушка. Ж.Ј. заработил прострелни рани во пределот на абдоменот и бил пренесен во тетовската Клиничка болница. Оттаму, поради сериозноста на повредите бил префрлен на скопскиот Ургентен центар, каде вчера наутро им подлегнал на повредите.

Од извршен увид во просторијата пронајдени се автоматската пушка кал. 7,62 и рамка со 27 куршум и еден куршум во цевката, како и две испукани чаури. Г.С. заработи и мерка притвор во траење од 15 дена.

 

16.06.2014 - 12:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега