Крвава несреќа: Загина млад дечко од Скопје - 20 годишна девојка се бори за живот

Страотна сообраќајка се случила вчера наутро на регионалниот пат Петровец - Скопје, во селото Трубарево.

Според информациите на полицијата, собраќајката се случило кога се судриле автомобил „Опел Вектра“ управуван од 20 годишниот скопјанец П.Ј. и автомобил “Југо“ управуван од 25 годишниот скопјанец Горан Н. Во несреќата со тешки повреди се здобил Горан, кој бил пренесен во Градската болница во Скопје. За жал, утрото околу 6;40 часот, Горан им подлегнал на повредите. Со тешки повреди се здобила и неговата сопатничка, 20 годишната скопјанка И.В. која била пренесена и задржана во Ургентниот центар во Скопје.

Полесни повреди заработиле П.Ј. и Ѓ.К.(21) од Скопје, кои се задржани на лекување во скопскиот Ургентен.

16.06.2014 - 11:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега