Сто дена нема ни трага од малезискиот авион - ќе се стави ли крај на мистеријата?
Малезискиот премиер Наџиб Разак, по повод стоте дена од исчезнувањето на авионот Боинг 77, кој на 8 март полета од Куала Лумпур кон Пекинг и мистериозно исчезна по 2 часа лет, на својот налог на Твитер објави дека Малезија не се откажува од потрагата и решавањето на мистеријата.
Потрагата, во која Малезија досега вложи над 10 милиони долари, ќе трае и понатаму.
Во пребарувањето на огромното пространство на океанските води, каде што евентуално пропаднал авионот, се ангажирани и бродови, подморници и експерти од Кина и Австралија.
16.06.2014 - 11:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа