ВНИМВАЈТЕ: Пороен дожд и грмежи во попладневните часови

 

Понеделник ќе донесе малку постабилна атмосфера во однос на викендот, но тоа нема да значи дека и комплетна стабилизација. Купесто-дождовните облаци ќе бидат поретки во однос на викендот, но повторно, локално, во текот на попладнето ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Нешто помала веројатност за попладневни врнежи ќе има во југозападните и централните краишта, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, МетеоПро.

Минималната температура ќе биде во границите од 10°С до 16°С.

Максималната ќе има вредност околу 26°С низ населените места во западниот регион, и до 27°С  во котлините во источниот крај. Долж повардарието температурата на воздухот ќе биде во границите од 26°С до 29°С.

 

Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.

Во скопската котлина ќе има умерена облачност и повремен релативно краткотраен дожд попладне проследен со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13°С. Максималната вредност на температурата ќе достигне 26°С.

16.06.2014 - 11:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега