Вечерва Германија против Португалија

 

Светското првенство во фудбал во Бразил денеска продолжува со натпреварите од групите Ф и Г. Во 18 часот на арената Фонте Нова во Салвадор ќе се сретнат Германија и Поругалија, oд 21 часот во Куритиба играат Иран и Нигерија, а на полноќ по македонско време во Натал се среќаваат Гана и САД.

Германија и Португалија се фаворити во својата група. Тие досега се сретнале 17 пати од кои Германија победила во девет натпревари, а Португалија три. Неизвесен е настапот на Роналдо поради повреда за која тој тврди дека е подготвен.

Натпреварот ќе го суди српска судиска тројка предводена од Милорад Мажиќ, а ќе му помагаат Милован Ристиќ и Далибор Ѓурѓевиќ.

Во вториот натпревар во групата Ф меѓу Иран и Нигерија победникот ќе си ја олесни работата знаеќи го фактот дека Аргентина ја победи Босна и Херцеговина со 2:1. Ова е втор дуел на овие репрезентации, а последниот го доби Нигерија.

На последниот натпревар во кој ќе се сретнат Гана и САД, иако африканците го добија последниот меѓисебен дуел, сепак, фаворит на мечот е тимот на Јирген Клинсман

16.06.2014 - 11:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега