Штипска компанија ќе го купи „Тедико“?

 

Штипската компанија „Кит-Го“ веќе шест месеци води интензивни преговори за до крајот на овој месец да ги купи маркетите „Тедико“, потврдил за Нетпрес, сопственикот на ланецот маркети, Раде Трајковски.

Според сопственикот, маркетите ќе останат, но, новиот сопственик ќе ги надополни со нова роба.

-Веќе шест месеци водиме интензивни преговори со компанијата „Кит-Го“ од Штип. На почетокот многу фирми беа пријавени на огласот за откупување на маркетите, а единствено „Кит-го“ ги даде најдобрите услови и најсоодветната понуда и затоа со нив преговараме. Преговорите се одолговлекоа поради мои здравствени прични, но се надевам дека ќе бидат завршани до крајот на овој месец. Сопственикот само ќе треба да го ребрендира името и да почне со работа, вели Трајковски за Нетпрес.

Во моментов, вели Трајковски, пред да ги преземе маркетите, менаџерскиот тим на „Кит-Го“ ја разгледува финансиската состојба.

Откако Управата за јавни приходи објави дека маркетите на„Тедико“ и должат на државата повеќе од 26.000 евра неплатен данок, во јавноста се шпекулираше дека маркетите ќе бидат затворени. Трајковски тогаш изјави дека нема да има затворање и дека маркетите ќе продолжат да работат исто како и досега.

 

 

16.06.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега