Јадете домати - штитат од рак на бубрезите
Сите знаеме колку доматите се вкусни и здрави. Но, сега е докажано дека овој зеленчук е ефикасен во спречување на рак на бубрезите.
Честото консумирање на домати и други видови овошје и зеленчук со висока содржина на ликопен во новата студија е поврзано со помал ризик од заболување на рак на бубрезите.
Самиот ликопен е антиоксиданс одговорен за бојата на доматите, бостанот, грејпфрут и папаја и претходните студии го поврзале внесувањето на ликопен, со намалениот ризик од развој на рак на белите дробови и рак на желудникот.
Новите сознанија се собрани во текот на последните 20 години на речиси 9200 испитаници. Во просек учесниците во истражувањето со најголем внес на ликопен, имале 45 отсто помал ризик од заболување од рак на бубрезите отколку испитаниците кои конзумирале помали количини.
Научниците веруваат дека добиените наоди можат да го објаснат влијанието на ликопен во намалување на оксидативниот стрес поврзан со развојот на рак на бубрезите.
Според податоците во САД, рак на бубрезите е деветтиот најчест облик на рак во земјата, за околу два проценти од сите случаи на рак во САД се однесува на рак на бубрезите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа