Солза Грчева: Се уште се мислам - профилот на Facebook го избришав

 

„Не можам да дадам изјави. Се уште не знам дали ќе останам на политиката на бојкот“. Пратеничката на СДСМ, Солза Грчева во дилема дали да остане на политките на Заев или да ги следи стапките на Роза Топузовска Каревска и да се врати во Собранието. Во изјава за Press24 Грчева вели дека го избришала профилот на Facebook и не планиа веќе да биде присутна на социјалните мрежи. Зошто се решила на овој чекор таа не открива.

Солза Грчева е само еден од паренитците на СДСМ кои се во дилема дали да се вратат во Собранието. Press24 веќе објави дека најмалку десетмина се во истата ситуација, а револтот ескалирал откако Шеќеринска се решила да побара апанажа од Собранието. 

16.06.2014 - 10:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа