Излетал од патот и починал на лице место - уште една трагедија во Србија

 

Уште една страотна сообраќајна несреќа викендов ја потресе Србија. Младо момче загина во страотна сообраќајка откако седнало во автомобил и возело, иако нема дозвола.

Според информациите на српскиот Курир, се работи за 18-годишното момче М.П. кое загинало откако околу 1 часот и 45 минути загубило контрола и со својата Опел Астра излетало од патот. Според информациите, младото момче влегло во спротивната лента, се превртело неколку пати и починало на лице место.

Со него во автомобилот имало уште две девојчиња кои поминале со тешки повреди и итно биле пренесени во болница. 

16.06.2014 - 10:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега