„Балканкан“ стигна и до Токио
Филмот „Балканкан“ на режисерот Дарко Митревски синоќа, во рамки на презентацијата на македонската кинематографија, беше прикажан на престижниот Универзитет „Токио“.
Денот посветен на македонската кинематографија е дел од двонеделниот симпозиум на тема „Филмови од земјите од поранешната Југославија“, организиран од Асоцијацијата за проучување на југословенската кинематографија, составена од видни професори од повеќе универзитети во Јапонија.
Проекцијата ја отвори вршителот на должноста амбасадор на Република Македонија во Јапонија Иван Каранфиловски. По проекцијата, преку видео-конференциска врска од Скопје во отворена дискусија се вклучија продуцентот на филмот Робет Насков и Андријана Цветковиќ. Цветковиќ која ќе биде првиот резидентен амбасадор на Република Македонија во Јапонија,навести уште многу културни претставувања на нашата држава во Јапонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа