Се мажи македонската пејачка
Сања Лефкова му кажа збогум на моминскиот живот. Пејачката моминската вечер ја славеше викендов со своите другарки и колешки во еден скопски ресторан. Дел од незаборавната ноќ на поп-пејачката, која е во блажена состојба, биле и нејзините колешки Анастасија Петреска и Сања Петковска, кои пееле во нејзина чест. Цела вечер се пеело, се играло, сите биле весели, а најмногу идната невеста.
Сања неодамна се сврши со нејзиното момче Мики, инаку скопски угостител, а свадбата е закажана за в петок во еден скопски ресторан.
15.06.2014 - 23:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа