Основно од скопски Центар со просек 4,95 на екстерното тестирање

 
Осмооделенците во Македонија оствариле просечна оценка од 3, 67 на екстерното тестирање. Поединечно од денеска секој полуматурант во своето досегашно училиште може да си го провери резултатот, а групните податоци ги соопштија во министерстовото за образование. 
 
Така, по два предмети вкупно полагале 21 191 полуматурант. Во августовската сесија, еден или два предмета, ќе полагаат уште околу 500 тини ученици. Како најдбори се покажале осмооделенците од ОУ Гоце Делчев во о.Центар, Скопје, со просечна оцена од 4,95. Најслаби, со оценка 2,52  се нивните врсници од ОУ Страшо Пинџур во о.Карбинци. 
 
Споредено со минатата година, просечната оценка на полуматурантите е повисока за 0,14 поени, односно лани таа била 3,53. Прашан за мислење за добиениот резултат, министерот Ристовски кажа дека очекувал и подобри оценки. Лично смета дека треба уште многу работа за подобрување на квалитетот. 
 
Резултатите за останатите генерации кои беа тестирани, од министерството велат ќе бидат објавени следните денови. Оние пак кои не полагале, ќе добијат термин во августовската сесија. Споредбата меѓу резултатите од екстерното и оценките кои професорите ги пишувале во текот на учебната година, ќе се прави откако ќе бидат објавени првичните резултати за сите групи ученици.
15.06.2014 - 22:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега