ФОТО: Поголема количина оружје пронајдена во скопски Сарај
Полициски службеници дошле до податок дека во домот на пријавениот во скопски Сарај, има поголема количина на огнено оружје и муниција за кои тој не поседувал соодветна дозвола. Со оперативниот податок е запознаен Јавен обвинител, за потоа врз основа на наредба од Основен суд 1 Скопје да биде извршен претес во домот на Ф.Н.
Полицијата пронашла една автоматска пушка кал. 7,62 мм, четири рамки за автоматска пушка со 120 куршуми, 90 куршуми 7.62 мм пиштолска муниција, еден пиштол марка „Берета“, кој го поседува со дозвола и две рамки за истиот, 336 куршуми 9 мм, два звучно сигнални пиштоли „Екол“ и четири куршуми за истите, кои се одземени и предадени за криминалистичко техничка обработка, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа