Грција понижена во Скопје
Македонската ракометна репрезентација ја декласираше Грција во бараж мечот за пласман на светското првенство во Катар идната година. По 60 минути игра, резултатот на семафорот беше 35:23 за македонската репрезентација. Нашите ракометари, мечот го добија во првите 15 минути кога со уриозна игра направивме 10 разлика. Понатаму селекторот Ивица Обрван ги воигруваше новите комбинации, па во второто полувреме во голем дел играа играчи кои немаат стандарно место во првиот состав.
Нјпрецизен во нашата репрезентација беше капитенот Кире Лазаро кој постигна 10 гола од кои 2 од пенал. Гоце Георгиевски и Прибак постигна по 4 гола, а во листата на стрелците со 2 гола се запиша и дебитанотот Филип Талевски.
Со оваа победа Македонија си обезбеди место на Светското првенство кое догодина ќе се игра во Катар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа