Што се случува? Мртов Авганистанец лежи меѓу плантажите во Гевгелија

 

Тело на мртов странски државјанин, најверојатно Авганистанец, попладнево во 14:30 часот е пронајдено во селото Мрзенци, Гевгелија, поточно кај плантажите „Маркудов“, дознава Press24 од доерливи полициски извори. Според нашите инфорамции, на телото не биле пронајдени траги на насилство. 
На терен веднаш излегол надлежен Јавен обвинител кој по увидот наредил телото да биде предадено на обдукција. 

Информацијата за Press24 и официјално ја потврди полицијата но се уште нема детали за идентитетот на почниатиот ниту пак за околностите во кои настапила смртта.

15.06.2014 - 19:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега