Проверете дали утре ќе останете без струја

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во Шуто Оризари, Агино Село и корисниците покрај езерото Треска утре од 9 до 10 часот ќе бидат без струја.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од Долно Свиларе и дел од потрошувачите од село Волково, лоцирани на улицата „100“, како и корисниците од улиците „1“, „2“,„3“ и „4“ во Грчец. 

Од 9 до 11 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „4 Јули“ број 43, „Козле“ и „Стогово“ од број 21.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето се електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија АД.

15.06.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега