Не издржа: Почина полицаецот кој беше застрелан од свој колега во Тетово
Починал 51 годишниот полицаец Живко Јовановски, кој во петокот беше застрелан во просториите на полициската станица за безбедност во сообраќајот во Тетово, дознава Дневник.
Живко во петокот наутро, околу 10 часот бил застрелан од свој колега при проверка на оружјето. Тој веднаш бил пренесен во тетовската Болница, а оттаму поради сериозноста на повредата, бил префрлен на скопските клиники. За жал, утринава Живко ја изгубил битката за животот.
Од Јавното обвинителство во Тетово за утре најавуваат детали за случајот, пишува Дневник.
15.06.2014 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа