Mорате сериозно да го сфатите својот пенис и проблемите со ерекција?
Експертите предупредуваат дека мажите мораат да ја сфатат сериозно eректилната дисфункција бидејќи на тој начин ќе избегнат многу други здраствени проблеми.
Брус Гарбер открива дека во САД повеќе од 30 милиони мажи страдаат од еректилна дисфункција, а најчести причини за ова се рак на простата, дијабетис, пушење, висок крвен притисок и дебелината. Поради ова важно е проблемите со ерекција да не се занемаруваат поради чувство на срам бидејќи тие можат да укажуваат на многу посериозни проблеми.
Стив Сантагати предупредува дека мажите својата машкост ја поврзуваат со сексуалната моќ и се што е поврзано со неа. Кога ќе се појават проблемите со ерекција се чувствуваат несигурно и не сакаат ништо да преземат. Не постои јавна кампања која би ги предупредила на тоа дека постои и можност за превенција, а со вежбање и правилна исхрана исто така се намалува ризикот за проблеми со еректилна дисфункција.
Mажите поради проблемите со ерекција често се одлучуваат на оперативни зафати при кои им се вградува протеза односно имплант во пенисот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа